Во индустриската зона „Жабени“ денеска се ставија темелите на грчката компанија „Виндор“ од Лерин, која ќе произведува врати и прозорци од ПВЦ и алуминиум. Според Костас Мицопулос, основач на „Виндор“, објектот ќе се гради на површина вкупно 2.500 квадратни метри. Веднаш ќе се вработат 20 лица, а бројот ќе се зголемува зависно од потребите. Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме во Грција. Тешко е, но треба да се инвестира бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој. Тука има добри луѓе, многу ни помогна градоначалникот и затоа одлучивме да вложиме во Македонија, истакна Мицопулос. Со оваа инвестиција, вкупниот број инвеститори во „Жабени“ изнесува 28. Купени се 48 парцели и се издадени осум одобренија за градба.
Во индустриската зона „Жабени“ денеска се ставија темелите на грчката компанија „Виндор“ од Лерин, која ќе произведува врати и прозорци од ПВЦ и алуминиум.
Според Костас Мицопулос, основач на „Виндор“, објектот ќе се гради на површина вкупно 2.500 квадратни метри. Веднаш ќе се вработат 20 лица, а бројот ќе се зголемува зависно од потребите. „Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме во Грција. Тешко е, но треба да се инвестира бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој. Тука има добри луѓе, многу ни помогна градоначалникот и затоа одлучивме да вложиме во Македонија“, истакна Мицопулос.
Со оваа инвестиција, вкупниот број инвеститори во „Жабени“ изнесува 28. Купени се 48 парцели и се издадени осум одобренија за градба. Како што посочи градоначалникот на Битола, Владимир Талески, наскоро ќе има уште една нова фабрика во зоната.